Во Кина повторно нови случаи на коронавирус

0
73

Во Кина се регистрирани три нови случаи на коронавирус, од кои два се увезени од странство, соопшти денеска кинеската Здравствена комисија.

Сепак, добра вест е што не се пријавени нови смртни случаи, пренесува АП.

Во Кина вкупно 83.537 лица се разболеле од почетокот на епидемијата, 4.634 починале, а се претпоставува дека бројот на заболени е намален со строго придржување кон воведените мерки – карантин, одржување на физичко растројание и следење на контактите на заразените