Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

0
33

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога во Мексико. Нападот се случил во градот Ирапуату, во сојузната држава Гванајуату.

Полицијата соопшти дека тројца ранети се во тешка состојба, пренесе Ројтерс.

Непознати напаѓачи, според информациите, пукале во сите во центарот за рехабилитација. Нема киднапирани, додала полицијата.

Фотографии од лице место на настанот укажуваат дека лицата во центарот лежеле кога на нив било пукано.

Засега не е познат мотивот за нападот, но гувернерот Дијего Синхуе Родригез Ваљехо, изјавил дека најверојатно во нападот се вмешани нарко банди, пренесе АП.

Тој додал дека длабоко жали и го осудува овој напад.

Гванајуато е центар на крвави судири меѓу нарко картелот Халиско и локални банди, оваа сојузна држава стана место на најголеми насилства во Мексико.