Јанушев: 40 проценти од новата влада ќе бидат жени

0
119

Четириесет проценти од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат жени, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, и носител на Изборната единица 3, кој денеска во Свети Николе оствари средба со граѓаните и со партиските активисти.

„Остваривме средба со Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ, која секогаш е со нас рамо до рамо и ја водиме оваа битка против оваа криминално-рекетарска власт. Исто така, сакам да ги поздравам членовите на Унијата на младите сили, нашите најмлади, но и најактивни членови во партијата, кои се секогаш тука заеднички сплотени да се избориме во оваа битка за Македонија. Она што сакам да го соопштам, а што веќе го разговаравме и со членките на Унијата на жените, т.е. она што планираме како ВМРО-ДПМНЕ во следните 4 години, предводејќи ја владата, да го направиме во однос на родовата еднаквост и затоа најавуваме дека 40 проценти од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат жени“, рече Јанушев.

Тој нагласи дека ќе се борат на секое поле, а посебен акцент ќе биде ставен на семејното насилство, односно искоренување на семејното насилство и донесување на жената на она место што навистина го заслужува во општеството.

„Жената, пред сè, е сестра, мајка, така што мора да продолжиме да работиме на ова поле. Исто така, ќе обрнеме особено внимание на жената земјоделец, кое е многу сериозно прашање, особено во Свети Николе и Светиниколско бидејќи земјоделството е една од главните гранки од кое живее овој наш трудољубив народ. Да не ја заборавиме и поддршката што ќе ја дадеме во спортот. Тука сме, знаеме како, и гласајте за број 14 за 14 пратеници во Изборната единица 3“, додаде Јанушев