Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

0
86

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен.

„Почитувани пријатели, и вториот лабораториски наод од земен брис излезе со негативни резултати. Се надевам дека овие неколку дена ќе следува успешно закрепнување и дека набргу ќе се видиме во добро здравје и расположение. И ова ќе помине, а потоа на ред е обновата! Секое добро“, напиша Милошоски на својот фејсбук-профил.

Тој во вторникот беше примен на Клиниката за инфективни болести поради зголемена температура кога претходно објави дека мајка му е позитивна на Ковид-19.