Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

0
55

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции.

„ЈЗУ ГОБ „8 Септември“ – Скопје е ковид болница со одлука на Министерството за здравство и остануваме посветени на лекувањето на нашите граѓани. Сите наши пациенти кои имаат потреба од елективни хируршки интервенции се известени дека во моментот ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје не е во можност да работи во претходни услови (Мој термин).На нашите пациенти им благодариме на разбирањето и поддршката која ни ја даваат“, соопшти менаџментот на болницата