ХДЗ слави, освоија 70 мандати на изборите во Хрватска

0
32

Објавени се првите неофицијални резултати од изборите во Хрватска, по затварањето на гласачките места во 19 часот. Според 43, 91 отсто од обработените гласачки ливчиња, ХДЗ на Андреј Пленковиќ има освоено 70 мандати.

Коалицијата Рестарт има 42,  Домовински покрет 15 мандати, Мост 6, платформата Можеме 5, реформистите – 2, коалицијата Паметно/Фокус/ССиП – 2 мандати и ХНС – едно  пратеничко место.

Од Домовински покрет на Мирослав Шкоро велат дека освоиле 16 мандати и испратија јасна порака на ХДЗ дека нема да има влада без нив.

Во Хрватскиот сабор има 151 пратеничко место