Јанушев од Чешиново-Облешево: Љупчо Николовски, наместо за земјоделците, се грижи за личните интереси

0
64

Денес, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборната единица 3, Игор Јанушев, ја посети општината Чешиново-Облешево. Од таму Јанушев порача дека СДСМ ќе падне на овие избори бидејќи ништо не направи за граѓаните ниту во земјоделството ниту во другите полиња.

„Имавме средба со оризопроизводителите, со кои разговаравме за нивните проблеми и за она што идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи, односно ќе им помогне на овие луѓе како полесно да се справат со проблемите. Она што го слушнавме од оризпроизводителите е огромната запоставеност и негрижа што ја добиваат од оваа власт“, истакна Јанушев.

Јанушев додаде дека тоталното игнорирање на земјоделците, негрижата и незалагањтое да им се помогне е одлика на СДСМ и Николовски.

„Но, што друго може да очекуваат од таков човек. Човек што само по година дена избега од Министерството и се скри зад партиската функција“, нагласи Јанушев осврнувајќи се за поранешниот неспособен министер Љупчо Николовски, кој ги запостави земјоделците.

Јанушев порача дека ВМРО-ДПМНЕ знае како треба да им се помогне на земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ знае како треба да се работи напорно за обезбедување подобри услови на земјоделците.

„Пред некој ден ме запрашаа кои се трите приоритети за Изборната единица 3. Она што тогаш го кажав го повторив и сега пред жителите на Чешиново-Облешево. Под еден, ќе биде земјоделието, инвестициите во земјоделството и она што сакаме да го постигнеме во четиригодишниот мандат е да имаме еден среќен и горд земјоделец кој ќе живее нормален и достоинствен живот. Но, достоинствен живот не само за земјоделците, туку за сите граѓани на државата, за сите во Република Македонија. Она што го гледаме исто така во средбите со сограѓаните е огромното незадоволство буквално на секое поле“, појасни Јанушев.

Јанушев го повика од СДСМ да каже или да посочи барем еден проект, не мора да е само во земјоделството, нека биде од кое било поле, со кој може да се пофали. Нешто што сами го направиле, го смислиле, го финансирале или барем го почнале. Но, за жал, такво нешто не постои.

„Ова се убедливо најнеспособните луѓе, еден од тие најнеспособни е токму Љупчо Николовски. Тоа е човек што нема ништо направено за државата, единствено е што тој и другите од СДСМ мислат на своите лични интереси. И токму затоа и ќе паднат“, потенцира Јанушев