Мисајловски: Локалната власт во Куманово со години ги лаже граѓаните, потребна е обнова

0
29

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 2, денеска го посети Куманово и населените места пред сè да ја претстави програмата на ВМРО-ДПМНЕ Проект „Обнова“, но и да ги слушнe сите разговори што граѓаните сакаат да ги споделат.

„Постојано слушам за нерешени проблеми, постојано слушам за проблеми во инфраструктурата, проблеми со лични прашања на  граѓани во општината кои некој локален функционер не сака да им ги реши. Постојано слушам дека земјоделците се незадоволни, затоа што некои граѓани ја дале довербата на ВМРО-ДПМНЕ, а централната и локалната власт се на СДСМ. Апелирам до централната или локалната власт, иако технички премиер е Оливер Спасовски, иако локалната самоуправа е на СДСМ, не поигрувајте си со интелегенцијата на граѓаните и немојте некои граѓани да ги правите граѓани од втор ред, ако имаат предмети за легализација, не чувајте ги во вашите фиоки, решете ги. Ако сте ветиле нешто претходно, дојдете, појавете се пред овие луѓе тука каде што сум јас и објаснете им зашто сте го ветиле тоа, а не сте го направиле. Овој народ со години е лажен од локалната самоуправа. Се соочуваат со проблеми кои можат да се решат со мали зафати “, истакна Мисајловски.

Носителот на изборната единица 2 поради ваквите проблеми ги повикува граѓаните да дадат масовна поддршка за обнова на Македонија, поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ бидејќи навистина треба многу обнова, особено во инфраструктурата во Куманово и во руралниот дел.

„Треба да се вложат  повеќе средства за секое населено место, треба обнова на културата, на семејните вредности, на традицијата и, како што ми кажуваат повеќе граѓани, ни треба обнова нa идентитетот, на македонизмот и на она што сме ние. Се надевам дека набрзо ќе имаме една убава победа и  тука, во Куманово,  ќе промениме многу работи“, потенцираше тој.

Мисајловски во својата посета порача дека и по изборите тој ќе биде со граѓаните бидејќи работите кои тие ги кажуваат се важни, бидејќи тоа се реални проблеми и политичарите треба да бидат со народот