Нови цени на горивата: „евросупер БС-95“ поевтинува, а екстра-лесното масло поскапува

0
56

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 0,50 денари/литар и ќе изнесува 60,50 денари/литар. Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“ и на „евродизелот“ (Д-Е V) остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од минатата недела (29.6.2020 година).

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 0,50 денари/литар и од вечерва на полноќ ќе изнесува 52,50 денара/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,156 денари/кг и ќе изнесува 25,980 денари/кг.

Од 7.7.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 60,50 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 63,00 (денари/литар)
дизел-гориво „евродозел БС“ (Д-Е V) – 52,50 (денара/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 52,50 (денара/литар)
мазут М-1 НС – 25,980 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалувања кај бензинот во просек за 0,836 %, кај дизелот има зголемување во просек за 2,358 %, кај екстра-лесното масло зголемувањето е во просек за 1,716 % и кај мазутот зголемувањето e во просек за 0,873 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,071 %.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 7.7.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.