СКАНДАЛ ВО НАЈАВА: Дали на изборите гласале починати лица?

0
93

Бараме од земјите на Европската унија да се ​​осуди злоупотребата на правото на глас и да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците во Северна Македонија, порачаа лидерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, на синоќешниот протестен марш во Скопје.

Алудирајќи на ДУИ, лидерите на албанската опозиција обвинија дека „албанското општество е заробено од каста мафијаши“, која за да се остане на власт се служи со заплашување на гласачи, купување на гласови, узурпација на слободата на избор, но, како што велат, и со гласање во име на други лица.

Ваквите наводи и обвинувања на коалицијата ААА се содржани и во нивните приговори до Државната изборна комисија, каде се сретнуваат конкретни податоци, па дури и имиња и презимиња на луѓе кои гласале на изборите, а не можеле тоа да го сторат, бидејќи, според подносителите, не биле во земјава или не биле меѓу живите.

Така, повеќе приговори од страна на ААА поднесени до ДИК за сторени неправилности во постапката на гласање, сумирање и утврдување на резултатите се однесуваат на гласачки места во Долнени, како Сенокос, Браилово, Секирци, Рилево, Костинци, Пешталево и други. Како што се наведува во приговорите, било евидентирано семејно и групно гласање, присуство на неовластени лица, но најважно – појава на гласање за починати лица.

Дури, подносителите на приговорот навеле и две имиња во поткрепа на нивните тврдења – Ајредин Керимовски и Енвер Камилоски, кои, според нив, биле починати, но во записниците стоело како да гласале. Сепак, членовите на ДИК одлучиле да ги отфрлат приговорите, бидејќи, стои во образложението, подносителот не доставил докази за тврдењата, а воедно ниту еден член на избирачкиот одбор или овластен претставник не ставил забелешки во записникот.

Целиот текст прочитајте го на Фокус ТУКА