Мицкоски нема да се повлече: Се ослободивме од последниот товар, ќе се бориме за состав на ново парламентарно мнозинство

0
90

Во денешното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој се осврна на одржаните парламентарни избори, очекувањата од претстојниот период, како и на внатрепартиската состојба.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има 40 пратеници во рамките на парламентот, а СДСМ 32 пратеници, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од македонскиот народ. Според Мицкоски, СДСМ ја нема довербата на граѓаните онака како што се прикажува пред јавноста, бидејќи оние 2 пратеници плус кои СДСМ ги има официјално пред ВМРО-ДПМНЕ, се всушност пратеници на политичката партија БЕСА.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше дециден дека поради поддршката од Извршниот и Централниот комитет на партијата, како и од Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, останува на висина на задачата како Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и ќе се бори за состав на ново парламентарно мнозинство.

Би бил кукавица доколку во вакви моменти се повлечам, тоа не е својствено за мене. Останувам фокусиран на предизвиците кои следат, останувам фокусиран на членството и внатрепартиската катарза која што следи во ВМРО-ДПМНЕ, како и на напорите за формирање ново парламентарно мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ не е само политичка партија, туку идеологија и водилка на македонскиот народ и моја огромна чест е да бидам на чело на ВМРО-ДПМНЕ.ВМРО-ДПМНЕ се ослободува од последниот товар од поранешни функционери на партијата кои во овие моменти работат здружено против партијата, но тоа само покажува за стравот и очајот кои ги има во тие луѓе. Таквото однесување не наидува на поддршка ниту кај членството, ниту кај граѓаните на Република Македонија и тоа е она кое што е најважно во моментот, заврши Мицкоски.