Откажан Охридскиот пливачки маратон

0
39

Поради пандемијата на коронавирус, оваа година нема да се одржи традиционалниот Охридски пливачки маратон.

Исто така нема да се организира ниту трката на 10 километри, соопшти ПФСМ.

– Пливачката федерација на Северна Македонија како активен член во Светска пливачка федерација (ФИНА) и единствена надлежна за пливање и далечинско пливање во нашата држава, соопштува дека годинашните официјални интернационални пливачки маратони (Охридскиот на 25 и покусиот на 10 км.) од светската серија нема да се одржат поради пандемијата, стои во известувањето од федерацијата.

Термините за следната година се: 21 август 2021 на 25 км. и 28 август 2021 година на 10 км.