Опожарена цистерна со мазут во Скопје

0
31

Вчера во 11,59 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Асфалтна база на Јадранска магистрала настанал пожар при што била опожарена цистерна со мазут.

Од пожарот биле зафатени и неколку гуми и боци со мазут и нафта кои биле во близина, информираат од МВР.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје.

Во пожарот нема повредени лица.