Филипче: Ти си на одмор, но вирусот не е

0
36

Министерот за здравство, Венко Филипче порача да се почитуваат мерките за време на одморите.

„Ти си на одмор, но вирусот не е! Избегнувај собирање во големи групи, носи маска, за да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19, затоа што јавното здравје е заедничка одговорност“, апелира министерот преку социјалните мрежи.