Трагедија во кумановско: Во сообраќајка загина малолетник кој управувал мотор

0
45

Малолетник го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила на регионалниот пат Куманово-Свети Николе кај кумановското село Доброшане.

Од полицијата информираат дека во несреќатта учествувале моторцикл „јамаха“, управуван од 16- годишен малолетник од с.Доброшане, автомобил „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управуван од М.М.(24) од Куманово, кој првично го напуштил местото на настанот, а потоа сам се пријавил во СВР Куманово и паркирано патничко моторно возило„југо“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Т.Т. од Куманово.

-Во незгодата возачот на моторциклот починал на лице место, а од екипа на итна медицинска помош била констатирана смрт, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.