На секој еден час 247 луѓе во светот умираат од коронавирусот

0
74

На секои 15 секунди по еден човек умира од коронавирусот.

Тоа е еднакво на 247 луѓе кои умираат секој час.

Скоро 5.900 луѓе во просек умираат од Ковид-19 на секои 24 часа, според проценките на Ројтерс врз основа на податоците од изминатите две недели.

Најмногу жртви има во САД, Бразил, Индија и Мексико.

Бројот на смртни случаи од коронавирус во светот надмина 700.000, а бројот на заразени е скоро 19 милиони.

Светската здравствена организација (СЗО), тврди дека коронавирусот, најверојатно, потекнува од лилјаци и дека веројатно имал уште едно животно домаќин како посредник.

Резултатите од истрагата на СЗО ги очекуваат научниците и владите ширум светот.

Но, од СЗО рекоа дека е можно и да нема решение за овој вирус.