Убедлива победа на Силекс во Струмица

0
47

Екипата на Силекс одигра извонреден натпревар во Струмица и славеше со 6-0 против домашната Беласица со што ја продолжи серијата победи и потврди дека е во одлична форма пред европскиот настап против Карабах во ЛШ. Сите голови паднаа во вториот дел а серијата ја започна Ивановски по еден центаршут на Пепи Ѓорѓиев.

Вториот гол беше дело на Ѓорѓиев кој  ја затресе мрежата на Беласица.

На 3-0 зголеми Ристов на 20 минути до крајот. Следуваше и вториот погодок на  Ристов додека Џуриќ и Костовски кои ја потврдија хаваријата  на противникот.

Во следното коло Силекс ќе биде домаќин на Пелистер, а Беласица ќе гостува кај Работнички.

ПРВА МФЛ  1. Коло

Вардар – Борец  0-1

Беласица- Силекс  0-6

Шкупи – Шкендија   2-2

Македонија ЃП – Работнички  2-1

Пелистер – А.Пандев 1-0

Ренова – Струга ТЛ  0-0Tweet