Два позитивни случаи на КОВИД-19 кај Атлетико Мадрид

0
52

Атлетико Мадрид, еден од четврт-финалистите во Лигата на шампионите потврди дека двајца нивни членови биле позитивни на корона вирусот пред фајнал ејт турнирот во Португалија.

Завршницата на Лигата на шампионите стартува во среда во Лисабон со дуелот Атлетико-Пари Сен-Жермен, по што во четврток Атлетико играат со РБ Лајпциг.

Не е јасно дали позитивните членови на тимот се дел од фудбалерите или од придружниот тим на „рохибланкос“, кои објавија дека двајцата се изолирани во своите домови и повторно се тестирани сите кои биле во контакт со нив.

Comunicado oficial: La expedición a Lisboa se someterá a nuevas pruebas PCR tras la aparición de dos casos positivos https://t.co/GztEhGvQQZ

— Atlético de Madrid (@Atleti) August 9, 2020