ЛЕ: Шкендија и Шкупи на гости во Азербејџан, Ренова патува во Ерменија

0
47

По одредената ждрепка за првото квалификациско коло на Лига Европа, македонските претставници добија три гостувања, и тоа на Кавказот – Шкендија и Шкупи ќе играат во Азербејџан, а Ренова ќе патува во Ерменија.

Шкендија ќе гостува кај азебејџанскиот Сумгаит, Шкупи ќе биде гостин на Нефчи, а Ренова ќе патува во Ерменија на гости кај Алашкерт. Сите мечеви се играат на 27 август, а исто како во Лигата на шампионите се игра само по еден меч.

За потсетување, и Силекс, кој настапува во Лигата на шампионите, ќе гостува на брегот на Каспиското Езеро откако во првото коло игра со шампионот на Азербејџан, Карабаг.