ВМРО-ДПМНЕ го осудува зголемувањето на цената на струјата

0
47

„За тоа колку е способен Ковачевски за да ги санира штетите од поплавите во РЕК Битола за ископ и транспорт на јаглен говори фактот што сеуште нема набавка за неопходни технички ресурси, па помош се чека да стигне дури од соседните земји.Изјавите на Ковачевски наликуваат на прес конференции од седиштето на СДСМ, каде наместо признание дека власта во заминување не може да ги санира последиците од поплавата, каде е поплавен речиси целиот систем во РЕК Битола, директорот ја обвинува опозицијата за сопственото неработење и за невидената катастрофа во енергетскиот сектор во државата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, ненавремената санација и неработењето на багерите на РЕК Битола го доведува во прашање производството на електрична енергија кое нема да произведува со ист капацитет.

„Ковачевски попусто бара изговори и ја префрла вината, тоа нема да го спаси од одговорност за погубните политики кои ги спроведуваше во енергетскиот сектор.Факт е дека директорувањата на штитениците на СДСМ не знаат како да се справат со хаваријата во РЕК Битола, чие неодговорно однесување ќе предизвика неможност да се озезбеди потребна количина на јаглен за производство на електична енергија“, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш посочува дека досегашната власт наместо грижа за објектите на РЕК Битола, со нестручниот кадар кој тера пи-ар наместо да работи резултира со тотална негрижа, колапс на производството на електрична енергија во земјава и историско поскапување на цената на електричната енергија.

„Поради неспособоста навремено да се одржуват објектите од значење на енергетскиот систем, директорите на СДСМ со негрижата и расипничкото трошење, сега ќе потрошат дополнителни суми на пари од џебот на граѓаните за санација на постројките за ископ на јаглен, како и дополнителни поскапувања на струјата. Ова резултира со катастрофа во управувањето со енергетскиот систем, како и дополнителна неизвесност во економијата како во домаќинствата со зголемување на сметките, така и со ненадоместливиот економски колапс во кој се наоѓа државата“, се додава во реакцијата на партијата.