Во Србија регистрирани 163 новозаразени, што е најмал број од 27 јуни

0
27

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 163 нови случаи на заразени од коронавирус, а пет лица починале како резултат на инфекцијата.

Бројот на новозаразени е најмал од 25 јуни кога се регистрирани 137.

Од последниот пресек тестирани се 6.819 лица.

Во болниците во целата земја има 107 пациенти на респиратори.