За една недела санкционирани 192 несовесни возачи во општина Центар

0
38
Foto

Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) во соработка со оваа скопска општина и сообраќајната полиција минатата недела санкционирале 192 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Поточно во периодот од 17 до 23 август, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранети биле 94 непрописно паркирани возила, а со поставување на блокатор санкционирани биле 98 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ПОЦ и општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места.