Општина Центар подели 150 пакети храна за пензионерите и згрижувачките семејства во Центар

0
23

Општина Центар во соработка со невладината организација „Банка за храна“ обезбеди донација од 150 пакети со прехранбени продукти и основни намирници за живот за пензионерите со ниски примања на територијата на Центар, како и на згрижувачките семејства и децата деинституционализирани од Специјалниот завод „Демир Капија“, кои живеат во мали групни домови на територијата на Центар.

Почитувајќи ги сите мерки на претпазливост и заштита од КОВИД-19, мобилни тимови и волонтери од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“ и служби од општината, овие пакети  им ги поделија и доставија  до нивните домови, како би се овозможило зголемена безбедност и заштита на овие лица и група граѓани.

Овие хумани акции и донации се обезбедени со поддршка од општествено одговорни компании, кои несебично се вклучија во хуманата мисија на Општина Центар и Банка за храна и обезбедија помош за најранливите категории кои живеат во Центар.

Општина Центар продолжува и во наредниот период со обезбедување донации од општествено одговорни компании и хумани поединци, со цел обезбедување финансиска и социјална сигурност за граѓаните кои живеат во социјален ризик. Сите заинтересирани возрасни лица над 65 години, приматели на ниски пензиски примања можат да ги контактираат службите на телефонскиот број 072 308 758 и да се пријават во Здружението за поддршка и развој „Хуманост“ и Здружениеото на пензионери  на Општина Центар,  за помош и поддршка во обезбедување донации.

Како локална самоуправа продолжуваме и понатаму посветено во обезбедување што е можно подобри услови за живот на социјално загрозените категории граѓани, преку реализација на различни проекти и активности.