Фискалните од викендот без ДДВ ќе мора да се скенираат во рок од три дена

0
38

Фискалната сметка издадена за време на претстојниот викенд без ДДВ ќе мора да се скенира во рок од три дена за да се реализира целосниот поврат на данокот на додадена вредност, изјави в.д. директорот на УЈП Фарук Омери.

Парите од повратот на ДДВ, граѓаните кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“ ќе ги добијат најдоцна до крајот на октомври.

„Мерката ‘Мој ДДВ’, која ние како УЈП во целост ја реализиравме во минатата година, ја прилагодуваме и за реализација на мерката викенд без ДДВ. Почнавме скромно, но бројката на користици постојано растеше за сега да достигне 350 илјади граѓани“, рече Омери.

Тој апелира сите трговци да ги означат македонските производи и компјутерската опрема, со цел непречено враќање на ДДВ-то.

„Ако досега се враќаше 20 проценти од данокот за македонските прозиводи, овој викенд се враќа целосниот износ на данокот“, рече Омери.

Тој вели дека е свесен дека мерката се спроведува во време на пандемија, и вели дека трговците ќе бидат обврзани да ги спроведуваат мерките за превенција од ширење на Ковид-19.