Казнети 608 лица за неносење маска

0
30

Полицијата вчера казнила 608 лица за неносење маска на територија на целата држава, соопшти МВР.

„Во текот на изминатото деноноќие (8/9.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 608 прекршоци“, соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.