Глоби за 615 лица што шетале без маска

0
23

Во текот на изминатото деноноќие, во однос на мерката за носење лична заштита на лицето, регистрирани се 615 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Во текот на вчерашниот ден потврдени беа нови 177 заразени од коронавирус. Со тоа досега во Македонија заболеле 21.113 лица од почетокот на пандемијата. Бројката на оздравени пациенти е 16.301, на починати е 797. Во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.015.