50 нови пациенти хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје

0
48

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 50 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека вкупно 478 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид-центарот на Клниката за неврологија, двајца болни се хоспитализирани на ОРЛ, двајца на Клиниката за дерматовенерологија, осум пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и еден на очната клиника. Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти од кои еден пациент е веднаш ставен на респиратор. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден имало 18 приеми“, посочуваат од ресорното министерство од каде додаваат дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 37 оздравени пациенти.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.