7 починати од ковид во едно деноноќие и уште шестмина од декември -180 нови заболени

0
48

Седум наши граѓани ја изгубија битката со ковид-19 во изминатите 24 часа, соопшти попладнево Министерството за здравство, a пренесува Скопско Ехо, но заедно со уште шестмина кои починале во текот на декември, денешната црна статстика бележи 13 смртни случаи.

Тринаесетмината починати се од Скопје и тоа шест (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), тројца од Гостивар (81г, 63г и 59г), двајца од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г).

Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица.

Во последните 24 часа се направени 1.814 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19, (речиси 10 отсто), од кои најмногу од Скопје – 78.

Регистрирани се и 206 оздравени пациенти.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата е 97.052, на починати, а на 2.989, додека активни случаи има 6.411, од кои 2.893 во Скопје.