70 годишен маж се обидел полово да нападне 10 годишно девојче во Скопје

0
61

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице на возраст од 70 години, кое се товари за кривично дело полов напад врз дете помало од 14 години.

„Обвинетиот, на 7 октомври, на улицата Индира Ганди во Скопје, се обидел да изврши полово дејство врз 10-годишно девојче. Во тој момент бил забележан од друго лице, кое го турнало обвинетиот на земјата, па тој веднаш избегал од местото.

По настанот, лицето извесен период не беше достапно на органите на прогонот, но на 29 октомври бил уапсен и почнал да ја издржува определената мерка притвор од судијата на претходна постапка. Со обвинителниот акт надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на притворската мерка поради опасност од бегство и можност да го повтори делото што му се става на товар.​​