„Аџибадем Систина“ воведува тест за истовремено откривање на сезонски грип и коронавирус

0
62

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведе нов тип тест за PCR молекуларно докажување на присуство на повеќе типови  вируси, кои заедно со коронавирусот припаѓаат во група вируси кои може да предизвикаат тешка респираторна клиничка слика.

Станува збор за таканаречен мултиплекс панел тест, кој се изведува со земање брис од нос и грло и кој во исто време покажува присуство на коронавирус и присуство на секвенци од вирусите на сезонските грипови А и Б инфлуенца.

„Аџибадем Систина“ е првата болница во земјава која воведува и изведува ваков тип  тестирање за првпат во Македонија.

Со само eден тест се докажува присуство на коронавирусот (SARS-CoV-2), но и другите вируси кои се карактеристични за есенската и зимската сезона.

„Во паника кога секој пациент со температура се третира како суспектен за Ковид-19, од голема полза е навремено и точно дијагностички да се утврди кој е причинителот на таа симптоматологија, која не секогаш е последица настаната по ковид-инфекција“, вели Среќко Рајовски, шеф на лабораторија за молекуларна дијагностика во „Аџибадем Систина“.

Цената на мултиплекс тестот кој е препорачан и од СЗО е идентична како стандардниот PCR-тест и чини 3.950 денари, а резултатите се добиваат за 24 часа.