Ахмети на 2-ри септември пред Хашкото обвинителство

0
81

Лидерот на ДУИ вчера потврди дека бил повикан да сведочи пред обвинителите на Специјалното обвинителство во Косово на 2 и 3 септември.

Портпаролот на Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово, Кристофер Бенет, изјави дека сè додека не се поднесе обвинението, не може да се каже зошто и во какво својство е повикан лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Ние не кажуваме детали за било што во врска со нашата истрага. Информацијата која вие ја кажувате, мислам дека доаѓа од самиот г-дин Ахмети. Ние немаме споделено никаква информација за секој што се појавил, во која било фаза или со кого било разговарано. Едноставно, ние не споделуваме информации за истрагата. Кога настаните и постапките ќе бидат јавни, тогаш ќе објавиме информации и за тоа. Но, ништо претходно не е за јавност“, изјави за Телма Кристофер Бенет, портпарол на косовското специјално обвинителство.

Портпаролот Бенет вели дека Судот и обвинителството се наоѓаат во Хаг и дека нема седиште ниту претставништво а тоа е така за да се избегне притисок од јавноста, но и да се заштитат сведоците во случаите во кои како обвинети се појавуваат и високи политички претставници на Косово.