Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

0
65

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски за национални координатори.

„Владата денеска го разреши м-р Роберт Алаѓозовски од должноста национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка и го именуваше за национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, а Роберт Поповски е именуван за национален координатор за одговорно владеење и транспарентност“, соопштија од Владата.