Албанскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

0
43

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе оствари билатерална средба со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија Гент Цакај, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

„Главни теми на средбата се очекува да бидат соработката меѓу Северна Македонија и Албанија во остварувањето на заедничките стратешки цели за членство во Европската унија, состојбата со билатералните односи и можностите за понатамошната соработка и нивно унапредување, соработката во НАТО, состојбите со актуелната глобална здравствена криза и други прашања од заеднички интерес и значајни за нашиот регион“, соопшти МНР.

За време на официјалната посета, министерот Цакај ќе биде примен и од претседателот на Собранието, премиерот и од други високи претставници на државата.