Арачиновец приведен, возел мигранти меѓу кои и малолетници

0
40

На 07.11.2020 околу 00:15 часот на регионалниот пат Градско-Велес од полициски службеници од СВР Велес било забележано патничко возило „опел зафира“, со радовишки регистарски ознаки, кое на даден знак за сопирање, продолжило со движење.

По кратко време возилото застанало и во него биле пронајдени 10 лица мигранти од Авганистан, од кои пет малолетни. С.А.(24) од Арачиново, скопско, бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а мигрантите биле задржани во Прифатниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.

Се работи на расчистување и документирање на случајот.