Аргентина пријави над 10.000 случаи на Ковид-19 за еден ден

0
256

Во Аргентина се потврдени 10.550 нови случаи на Ковид-19, а вкупниот број на заразени е 370.198, соопшти тамошното Министерство за здравство.

Од коронавирус починале уште 276 лица, а од почетокот на пандемијата, оваа инфекција однесе 7,839 животи, пренесува Ројтерс.

Аргентина се бори да го спречи ширењето на вирусот, но и да ја отвори економијата. Владата го продолжи карантинот во главниот град Буенос Аирес и околината до крајот на август, бидејќи најголем број заразени лица се регистрирани во таа област.

Латинска Америка стана епицентарот на пандемијата Ковид-19, а милиони луѓе се очекува да потонат во сиромаштија оваа година, заради ослабената економија на регионот.