Арсенал го потврди Вилијан, Бразилецот со плата од 220.000 фунти неделно!

0
58

Арсенал, конечно, потврди дека го добил потписот на бразилскиот ветеран на Челси, Вилијан, со фантастичен договор на три години со неделна плата од 220.000 фунти, а менаџерот Микел Артета вели дека се работи за фудбалер што може да биде клучен за „топчиите“.

Пристигнувањето на 32-годишниот Бразилец беше потврдено од Арсенал, кој му го доделува дресот со број 12 на фудбалерот чиј договор со Челси заврши ова лето. Иако неговата плата е помала од таа што ја заработуваше кај „сините“, сумата налути дел од навивачите на Арсенал, особено бидејќи клубот претходно објави дека отпушта 55 луѓе од тимот поради корона-кризата.

Вилијан помина седум години на „Стемфорд бриџ“ и Артета е воодушевен што го доби ова лето.

„Го следевме последните неколку месеци и сметавме дека тој е човек што може да ни го засили средниот ред, фудбалер со голема еластичност кој може да игра три-четири позиции. Има огромно искуство и огромна амбиција“, вели Артета.

https://platform.twitter.com/embed/index.html?creatorScreenName=makfax&dnt=false&embedId=twitter-widget-1&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1294197121634242561&lang=en&origin=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsport%2Farsenal-go-potvrdija-vilijan-brazilecot-so-plata-od-220-000-funti-nedelno%2F&siteScreenName=makfax&theme=light&widgetsVersion=223fc1c4%3A1596143124634&width=550px