Арсовски: Димова доделила 125.000 евра за проектот „Избери сирење“ на братот на пратеникот Диме Велковски од СДСМ

0
85

Обелоденета нова злоупотреба преку програмата „Еразмус +“. Имено, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски истакна дека пододелени се 125.000 евра за проект со наслов „Избери сирење“, кој е на братот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски.

Арсовски вели дека станува збор за втор прокет на братот на Велковски по оној од над 83.000 евра за дресура на магариња.

-Доделени се 125.000 евра европски пари за проектот ‘Избери сирење’, каде што треба да се едуцираат деца за сирење, пари што отишле повторно кај Диме Велковски. Неоспорно е веќе дали се валидни или не апликациите за магарињата и сирењето. Поставуваме дилема и прашање како е можно овие два проекта во вредност над 200.000 евра, европски пари, Лидија Димова да ги додели токму кај братот на пратеникот од СДСМ, Диме Велковски, токму пред парламентарните избори?, прашува Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ бара јавно да се објави од страна на Диме Велковски и Лидија Димова на кој начин се трошеле и каде завршиле над 200.000 евра, но и да се одговори дали парите биле влечени преку сметки на други лица да ги вратат кај добитниците на проектите.

Арсовски порача дека Димова треба да си даде оставка веднаш. Тој потсети дека претходно беше обелоденето доделувањето на 270.000 евра на фризерница за проекти за медиумска писменост. Рече и дека биле купени две луксузни возила од страна на Лидија Димова за луксузирање во вредност од 100.000 евра.