Арсовски: Додека со еден компјутер се едуцираат по две – три деца, Заеви се луксузираат

0
59

„Зоран Заев се уште не излезе да одговори пред јавноста на тврдењата на странските и домашните медиуми дека близок негов и на неговото семејство поседува луксузна хациенда на Халкидики.Зоран Заев е најскандалозниот премиер, со кој што во регионов за жал наместо да се фалиме со успеси, ние сме познати по неговите скандали“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште еднаш јавно прашуваме, бидејќи вчера бевме игнорирани, денес повторно јавно прашуваме дали близок на Зоран Заев или некој од потесното семејство поседува имот на Халкидики, односно луксузна вила која чини неколку милиони и дали Зоран Заев и неговото потесно семејство биле чести гости годинава во оваа вила на Халкидики?

Да појаснам уште еднаш за граѓаните се работи за нова вила за која што излегоа тврдења во медиумите странски и домашни дека ја поседува близок до Зоран Заев, а не онаа која што претходно беше објавена дека ја поседуваат на друга локација исто така на Халкидики. Имајќи во предвид дека мештаните самите тврдат дека Заеви се чести гости во таа вила и дека нивни блиски ја поседуваат, зошто Заев не сака да излезе и јавно да проговори на оваа тема туку ја игнорира“, додаде тој.

Според него, откако Заев јавно тврдеше дека не поседува фирми и компании во странство, сега според тврдењата на странските медиуми испадна дека поседува не само фирми туку и имот во странска држава.

„Уште колку ли ваков имот поседуваат Заеви и нивните блиски фирми до неговото семејство во странските земји? Богата мафија на власт, сиромашен народ. Додека секојдневно гледаме стории по медиумите за жал тажни стории каде што со еден компјутер во просечно семејство се едуцираат по две, три или четири ученици, бидејќи немаат пари нивните родители да обезбедат за сите ученици во семејството компјутери, Заеви се луксузираат во луксузни вили за кои медиумите тврдат дека ги поседуваат, а тие игнорираат и воопшто не сакаат да проговорат на таа тема.

Тоа е тажната вистина за Република Македонија. Богата мафија на власт, сиромашен народ кој не знае како да преживее од ден за ден. Уште еднаш сакам да ги охрабрам медиумите и сите оние кои имаат каков било пристап до информации за имотите на семејството Заеви и нивните блиски фирми, да ги објават, бидејќи се предмет од интерес на јавноста. Имајќи во предвид дека целото семејство е поврзано со безброј скандали и тендери во Република Македонија“, додаде тој.