Арсовски: Што сè можеше СДСМ да подобри за 21 милион евра, кои ги испумпаа преку агенцијата за обезбедување

0
255

СДСМ и Заеви свесно ја покачија цената на електричната енергија, на штета на граѓаните, само за да делат профит од високата цена преку тендери од универзалниот снабдувач и од институции од државата.

„За сметка на тие профити кои  струмичката агенција за обезбедување ги дели со Заеви, за коишто имаме сериозни сомнежи, над 21 милион евра, граѓаните живеат во сиромаштија. Наместо Заеви да делат огромни профити од парите на граѓаните, можеа да реализираат сериозни проекти за подобрување на животот на граѓаните.

Со овие пари можеа да реконструираат болници, клиники или да се изградат нови болници. Со 21 милион евра ќе можеше да се купат над 50-тина возила за брза помош, коишто ги имаа најавувано и пред да дојдат на власт.

Со овие пари можеа да се реконструираат училиштата и градинките или, пак, да се изградат  над 10-тина нови училишта или над 20-тина нови градинки. Со овие пари можеа да се пратат над 50 луѓе со сериозни болести на лечење во странство, за кои граѓаните секојдневно донираат пари, преку социјалните мрежи, преку интеренет-сервисите или преку СМС-пораки.

Со 21 милион евра ќе можеше да се поддржат домашните компании кои откако почна корона-кризата се на работ на пропаст, а секојдневно се обидуваат да преживуваат и, како што видовме според последниот податок, над 12.000 работници ги загубиле своите работни места.

Со овие пари ќе можеа да се реконструираат стотици километри патишта кои граѓаните секојдневно ги возат, кршејќи ги своите возила.

Ова е начинот на работа на СДСМ, Заеви и нивните фирми. Институциите мора да отворат случај и да ги испитаат овие енормно големи суми пари кои легнале на сметка на оваа струмичка агенција за обезбедување, односно што го дуплирала својот приход од овие институции во текот на една година“, порача Арсовски.