Австриски новинар: Зад нападот во Виена стои Албанец од Северна Македонија

0
42

Главниот уредник на виенското списание „Фалтер“, Флоријан Кленк, тврди дека зад нападот во Виена стои млад човек од Австрија со албанско потекло од Северна Македонија.

„Неговото име е Куртин С., тој е роден во 2000 година во Виена, каде што пораснал. Тој има албанско потекло, а неговите родители се од Северна Македонија и немаат никаква врска со исламизмот“, напиша на Твитер овој австриски истражувачки новинар.

 

Тој вели дека младиот човек, кој уби четири лица и беше убиен од полицијата, бил познат на антитерористичката служба, бидејќи тој бил еден од 90-те австриски исламисти кои се обиделе да патуваат во Сирија.

Во јули, тврди Кленк, бил спречен да замине на боиштата во Сирија.

„Сепак, властите не веруваа дека тој може да планира терористички напад“, додаде тој.

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер утрово потврди дека убиениот терорист е симпатизер на Исламската држава, без да даде повеќе детали за неговиот идентитет.