Автомобил излета на булеварот Србија, повредена 20-годишна девојка

366

По полноќ било пријавено дека на булеварот Србија во Скопје патничко возило „мерцедес 124“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(23) од Скопје, излетало од коловозот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.Л.(20) од Скопје, констатирани во kомплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.