Барса без Кутињо против Јувентус

0
36

Филипе Кутињо ќе го пропушти натпреварот против Јувентус во Лигата на шампионите, објави неговиот клуб Барселона.

Репрезентативецот на Бразил го повредил коленото, на натпреварот со Реал Мадрид, кој се одигра во саботата.

Барселона не објави колку ќе трае рехабилитацијата на фудбалерот од редот за врска.

Филипе Кутињо летово се врати во Барселона. Минатата сезона тој ја мина како позајмен играч во Баерн Минхен.

Од почетокот на сезоната, Бразилецот има постигнато два гола.