Барса ја торпедираше „жолтата подморница“ за едно полувреме

0
66

Шпанскиот вицешампион Барселона тргна со убедлива победа во новата сезона во шпанската Ла лига.

Екипата летово доживеа многу турбуленции – добија нов кормилар, Роналд Куман, си отиде од екипата еден од најдобрите стрелци во историјата на клубот – Луис Суарез, а блиску до заминување беше и најголемата ѕвезда во историјата на клубот – Лео Меси.

Вечерва на дебито на Куман настрада екипата на Вилјареал, победа на Барса од 4-0.

Уште на стартот на мечот, младиот Ансу Фати сакаше да покаже дека отсуството на Суарез нема многу да се почувствува во редовите на клубот од „Камп Ноу“.

Во 15 минута на асистенција на Алба, Фати прецизно стрела за 1-0. Истиот играч само 4 минути подоцна на асистенција на Кутињо носи предност од 2-0.

Во 35 минута Барселона добива пенал, сигурен реализатор Лео Меси за убедливи 3-0. За конечните 4-0 по првите 45 минути се погрижи играчот на „подморницата“ Торес кој лошо реагираше пред својот гол и ја смести топката во својата мрежа.

Во вториот дел Барса го намали темпото, иако го контролираа поседот на топката. Немаше преголеми возбудувања, па мрежите во вториот дел мируваа.