Барса нема грижи – тука е Ансу Фати!

0
42

Тинејџерот Ансу Фати втор меч едноподруго е стрелец за Барселона, за да помогне Каталонците да ја стартуваат новата сезона со две победи во низа по проблематичното лето, за 3:0 триумф на гости кај Селта Виго.

Фати, кој постигна два гола при 4:0 победата над Вилјареал, но не беше прогласен за играч на натпреварот поради спонзорот на алкохолни пијалоци (да потсетиме дека има само 17 години), во 11. минута од мечот доби топка од Филипе Кутињо за да постигне ефектен гол.

Барса останаа со играч помалку по вториот жолт картон за Ленгле на крајот на полувремето, но во 52. минута зголемија на 2:0 откако по фантастичниот продор на Лео Меси, топката од ногата на Олаза влезе во голот на Селта, за Серхи Роберто во 95. минута да ги постави конечните 3:0.