Барса официјално го отпушти Сетиен

0
54

Барселона преку официјално соопштение потврди дека го отпуштиле тренерот Кике Сетиен, како дел од „широкото реструктуирање“ на првиот тим на каталонскиот гигант, кое беше неизбежно по понижувачкиот 8:2 пораз од Баерн Минхен во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Бордот на директори на Барселона потврди дека Сетиен заминува како прва од повеќето мерки кои се договорени со техничкиот тим и со идниот тренер, кој ќе биде потврден во следните неколку дена, а за кој шпанските медиуми тврдат дека е поранешниот играч, Роналд Куман.

Кике Сетиен стана тренер на Барселона на 13 јануари и во седум месеци на чело на тимот имаше 25 натпревари за тимот – 19 во лигата, 3 во Лигата на шампионите и 3 во Копа дел реј, од кои победи во 16, одигра нерешено во четири и загуби во пет натпревари.

Заврши тричасовниот состанок во Барса, се чека промоција на Куман