Белата куќа потврди – Денеска Трамп ќе се сретне со Вучиќ и Хоти

0
56

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска во Овалната соба во Белата куќа ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти.

Американскиот претседател со тоа ќе присуствува на церемонијата на потпишување на договорот меѓу Србија и Косово, за кој вчера пишуваа српските медиуми и ќе земе учествуво во трилатералниот состанок, објави Белата куќа, а пренесува „Гласот на Америка“.

По средбата во Белата куќа, и Вучиќ и Хоти поединечно ќе се состанат со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Стејт департментот.

Во соопштението на Белата куќа, објавено доцна во четвртокот, по локално време во Вашингтон, не било прецизирано што ќе биде потпишано, дали станува збор за договор и што точно ќе содржи истиот.

„Гласот на Америка“ потсетува дека уште пред средбите во Вашингтон кружеа гласини дека постои можност претседателот Трамп да се сретне со претседателот на Србија и премиерот на Косово, но за тоа немаше официјална потврда до четвртокот вечерта.

За време на вчерашните разговори во Вашингтон, српските медиуми пренесуваа за тензична атмосфера, односно проструија информации дека српската делегација и претседателот Вучиќ се под голем притисок. После тоа, пристигна веста дека пред српската делегација е ставен документ од 16 точки, од кои десеттата содржи одредба за признавање на независноста на Косово. Таа точка подоцна била отстранета, во текот на разговорите, а на српската делегација и бил презентиран документ без спорната точка 10.

Вучиќ исто така од Ваингтон им се одбрати на граѓаните и порача дека одбил да го пригати спорниот документ.