Белградската Арена се полни, има место за уште 101 пациент

0
27

Во привремената болница во белградската Арена се сместени 409 пациенти со коронавирус, а има место за уште 101 пациент, изјави др. Владо Батножиќ, објави „Танјуг“.

Вчера во Арената бил примен 31 пациент. Батножиќ рекол дека Арената се полни брзо и дека наскоро ќе биде пополнет целиот капацтет.

„Клиничката слика на сите пациенти е тешка, затоа што оние со полесна слика се лекуваат во ковид-амбулантите. Околу 250 пациенти се на кислородна поддршка“, рекол Батножиќ.

Вчера во Србија беа потврдени 2.112 нови случаи на коронавирус, а починаа 10 лица.