Бензема на чекор од рекордот на Роналдо

0
128

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, оваа сезона постигна девет гола во нокаут фазата од Лигата на шампионите, еден помалку од рекордерот Кристијано Роналдо.

Бензема, со двата гола против Манчестер сити, во феноменален натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, уште еднаш ја воодушеви фудбалската јавност.

Францускиот репрезентативец синоќа го постигна својот 14-ти гол во овосезонското издание на Лигата на шампионите и деветти кога е во прашање само нокаут фазата од ова натпреварување. Така тој дојде на чекор до рекордот кој го постави неговиот поранешен соиграч Кристијано Роналдо.

Роналдо во сезоната 2016/2017 постигна 10 гола во нокаут фазата од Лигата на шампионите и со тоа постави рекорд. Но, тој рекорд може да падне на следниот натпревар помеѓу Реал и Сити.
Роналдо е рекордер и по вкупниот број на голови во една сезона во Лигата на шампионите, во групната и нокаут фазата, Португалецот во сезоната 2013/2014 постигна неверојатни 17 гола. Бензема има 14 …

Бензема сезонава на 41 натпревар постигна исто толку голови во сите натпреварувања, а на вечната листа на стрелци во Лигата на шампионите се наоѓа на четвртата позиција со 85 гола, еден гол помалку од Роберт Левандовски кој е на третата позиција.