Бензините поевтинуваат

0
49

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат 1 и 1,5 денар, а цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 1,5 денар, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 1 денар.

Цените на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,133 денари.

Од ноќеска на полноќ новите цени се: „евросупер БС-95“ – 59,5 денари, „евросупер БС-98“ – 61 денар, „евродизел БС“ (Д-Е V) – 53 денари, масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 53 денари и мазут М-1 НС – 28,368 денари.