Бензините поевтинуваат

0
40

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат половина денар, а цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новите цени на бензините се: „евросупер БС-95“ – 58,5 денари, „евросупер БС-98“ – 60,5 денари за литар.

Цената на дизелот останува 50,5 денари за литар, а новата цена на маслото за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) е 50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,184 и ќе изнесува 26,938 денари за килограм.